СДСМ: Домашното производство на електрична енергија е зголемено

Од:

Електрична енергија оваа зима ќе има доволно, но од секој од нас зависи како и за што таа ќе се користи. АД ЕСМ во првите седум месеци од 2022 година произведе за 15 проценти повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани. Зголеменото производство се должи на зголемувањето на производството од термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј од 40 отсто, додека целиот план за производство за 2022 година е направен со 20 отсто. И понатаму потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за граѓаните и малите потрошувачи ќе се задоволуваат исклучиво од наше сопствено домашно производство, без увоз на струја, се вели во соопштението од СДСМ.

Во пресрет на прогнозираната најтешка зима на енергетски план во Европа, а со цел непречено снабдување со струја и пониски сметки, министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима“.

Во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување и мора да ја намалат потрошувачката на струја за 15 проценти споредено со истиот месец од минатата година.

Од партијата додаваат дека мерките кои важат од први септември годинава до 31 март 2023 година, меѓудругото предвидуваат да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да не се мести пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.

Мерките вклучуваат и препораки за заштеда на електрична енергија за приватните компании и за домаќинствата.

Со почитување на овие задолженија и препораки ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, ќе се намалат сметките за струја и нема да дојде до загрозување на редовното снабдување на електричната енергија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите