(ВИДЕО) СДСМ: Власта ја задолжи државата за 4,2 милијарди евра

Од:

„Кога зборуваме за јавниот долг, најважното прашање не е кој го направил долгот, дали централната влада, некоја општина, јавно претпријатие основано од државата или некоја општина.

Воопшто не е важно ни дали централната влада го гарантира целиот јавен долг или не.

Она што е најважно е дека, кога јавниот долг нема да може да се враќа, ќе настрадаат имотите на сите нас, на сите граѓани во Република Македонија.

Што всушност направи власта вчера со измените на Законот за јавен долг?

Замислете, семејство задолжено до презадолженост. Но, сопругот сака и понатаму да се задолжува, па бидејќи банката му бара да ја покаже состојбата на задолженост на семејството, тој јавно вели дека сопругата нема долгови. Дали тој може да ја сокрие задолженоста на семејството? И кој сепак ќе ги враќа вкупните долгови? Каква иднина имаат децата во тоа семејство? Каде тие ќе бегаат од долговите? Во странство? Како и голем број млади во Македонија?

Што и да направи оваа власт, колку измени да направи во Законот за јавен долг, нема да го смени фактот дека државата ја задолжија со 4.2 милијарди евра.

По скратена постапка и без дебата во јавноста вчера, експресно, пратениците од власта во Собранието изгласаа измени со коишто, од вкупниот долг на државата ги тргнаа долговите на јавните претпријатија основани од државата, долговите од општините и Град Скопје, долговите на трговските друштва во сопственост на државата и општинските власти. Го бришат и долгот на Народната банка на Македонија.

Но, дури и да не ги земе предвид долговите на тие субјекти, власта со тоа нема да го избрише фактот дека само долгот на централната влада со којшто не задолжи нас граѓаните е 3.3 милијарди евра.

За да прикаже помал јавен долг, наместо да ги намали неразумните трошења на раскош и луксуз, власта го намали бројот на субјекти чиишто долгови логично влегуваат во вкупниот јавен долг, што е долг и на секој граѓанин во Република Македонија.

Со ова, само фиктивно е намален долгот.

Со ова, власта си направи простор и за нови задолжувања и кредити, бидејќи е јасно дека буџетската каса е празна.

Ние граѓаните сме тие кои ќе ги враќаат долговите на државата.

Затоа, Ставрески и Груевски нека не прават малверзации со законски измени што на граѓаните не им значат ништо.

СДСМ бара Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да прекинат со задолжувањата на граѓаните на Република Македонија“, изјави Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС со ДУИ молчеа на сите провокации

(ВИДЕО) Јанчева: Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат

СДСМ: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето