СДСМ Дебрца: Земјоделците го чекаат одобреното обештетување од 2010 година

Од:

„На ден 19.06.2010 година подрачјето на општина Дебрца со населените места: Требеништа, Волино, Мешеишта, Климештани, Ново Село, Белчишта, Д.и Г.Средорече, Злести, Лешани и Грко Поле го зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд и град, кои предизвикаа голема материјална штета на земјоделските површини засадени со овошни, градинарски, житни и лозови насади.

Комисијата за проценка на штета на општина Дебрца изврши проценка на причинетата штета и изработи Елаборат за проценка на штета од обилни врнежи од дожд со појава на град во општина Дебрца, кој беше усвоен од советот на општина Дебрца. Вкупната материјална штета е проценета на 29.072.778,00 денари.

Владата на Република Македонија, на триесет и шестата седница, одржана на ден 27.12.2011 година, ја разгледа Информацијата за настанатите штети од природни непогоди во неколку општини, меѓу кои е и општината Дебрца  и ја усвои со заклучок со кој се задолжува Министерството за финансии да подготви одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Македонија за 2011 година и  на општината Дебрца, во висина од 15 % од износот на проценетата штета  ( 4.360.916,оо денари ), во рок од 8 дена.

Меѓутоа, не во рок од 8 дена, туку и по речиси четири години  од страна на Министерството за финансии не е постапено по Заклучокот на Владата на Република Македонија и на општината Дебрца не и се префрлени  средства за штетата од природната непогода, од 19.06.2010 година, иако во меѓувреме беше исплатено обештетувањето за непогодите од 2012 и 2013 година.

Поради тоа, јавно ги повикуваме министерот за финансии во Владата на РМ и градоначалникот на општина Дебрца да одговорат на следните прашања:

Како е можно и зошто Министерството за финансии четири години не го почитува Заклучокот на Владата со кој е задолжено да обезбеди средства од Буџетот на РМ за обештетување на земјоделците за наведената природна непогода ? Како можеме да зборуваме за правна сигурност и владеење на правото, кога Министерството за финансии не ги почитува актите на Владата на РМ ? Што е преземено од страна на градоначалникот на општина Дебрца за да се почитува заклучокот на Владата на РМ ? Дали и кога се планира од Владата на РМ одобреното обештетување да биде исплатено ?

Оштетените земјоделци од општина Дебрца со право го бараат одговорот на овие прашања.

Ние од наша страна и во наредниот период континуирано ќе ги потсетуваме надлежните се додека земјоделците не го добијат одобреното обештетување“, се вели во соопштението на општинска организација СДСМ Дебрца.

Би можело да ве интересира

Андоновски вели нема конфликт на интереси во тоа што фирмата на сопругот на државната секретарка добила тендери, таа не учестувала во постапката

(ВИДЕО) Во Министерството на Андоновски, жената Државен секретар, мажот добива тендери обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Оваа власт не е влада за граѓаните – ова е власт што живее на грбот на народот

(ВИДЕО) Ристова: Цените на производите се зголемени, власта не презема ништо додека се гости со папаја

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

Цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби, велат од СДСМ