СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра, а Македонија со само 67 милиони евра

Од:

Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?

Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“. Прашуваме: За кои реформи?, се вели во соопштението од СДСМ.

За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува?

За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија?

Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда?

Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ поради неисполнување на реформите. А министерката зборува за „најголеми средства“ и за тоа дека Македонија е меѓу реформските лидери.

За споредба: Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Македонија ќе добие 65,7 милиони евра, од Планот за раст на ЕУ.

И тоа е „најмногу“?

Дали е тоа истата министерка која пред неколку месеци изјави дека „пола Европа ќе банкротира“, а Македонија ќе процвета?

Истата која тврди дека сме „трета економија во Европа“, а немаме пари ни за зголемување на минималната плата?

Изгледа дека Мицкоски со своите лаги ги зарази и своите министри. Или можеби и тие почнаа да му веруваат, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

Рударските инженери повторно стануваат дефицитарна професија: САД бараат 6.000 нови кадри