СДСМ: Буџетот за 2020 година инвестира во човечкиот капитал и обезбедува социјална сигурност за ранливите категории граѓани

Од:

„СДСМ како одговорна партија која се грижи за сите граѓани, со буџетот за 2020 година инвестира во човечкиот капитал, но обезбедува и социјална сигурност за ранливите категориии, поддршка за децата, младите и за повозрасните.

Создадовме буџет кој носи социјална сигурност на лицата во социјален ризик. Ги поддржува децата и детскиот развој и обезбедува социјална сигурност на повозрасните.

Вкупниот буџет на Министерството за труд и социјална политика изнесува 48,6 милијарди денари, од кои 47,5 милијарди завршуваат кај граѓаните.

Според буџетските ставки за 2020 година 10,5 милијарди денари се предвидени за социјални трансфери“, велат од СДСМ.

„За идната година за новата мерка субвенционирање на плати, со која работодавачите кои ќе ги покачат платите на вработените до 100 евра, ќе бидат ослободени од придонеси, се планирани 2,4 милијарди денари.

Со цел да обезбедиме подобар живот на младите вработени лица до 23 години во производствена дејност воведуваме младински додаток, од 3 илјади денари.

И во 2020 година ќе продолжат засилените инвестиции за изградба, реконструкција и опремување на градинки

Буџетот на министерството за труд и социјална политика предвидува и зголемување на средствата за оперативниот план за активни мерки за вработување за 2020 година.

СДСМ е на прав пат, изминатите 2,5 годни социјалната помош е зголемена за 300 проценти, бројот на децата што примаат детски додаток се искачи на 20.230, односно за 3,5 пати повеќе од претходно, образовен додаток добива 8.681 дете.

Политиките спроведени од СДСМ ја зголемија минималната плата на рекордни 14.500 денари, просечната за речиси 3 илјади денари, а пензиите од 1 јануари ќе се зголемат за 700 денари.

СДСМ се грижи за сите граѓани продолжува со концептот парите назад кај граѓаните продолжува и во следната година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ