СДСМ: Богов не може да се одлепи од вината за историскиот долг, власта да запре со задолжувањата!

Од:

„Гувернерот на Народна банка на Р. Македонија, Димитар Богов не може да ја одлепи од себе вината што со години ја поддржуваше криминалната власт на Груевски во задолжувањата што достигнаа историско ниво.

Добро е што Богов призна дека ММФ има право за јавниот долг и дека е потребна стабилизација на нивото на јавниот долг.

Но зошто ако гувернерот Богов го прифаќа предупредувањето на ММФ дека е потребно силна контрола на темпото на задолжувањата, тој не придонесе со ништо тоа да се спречи?

ММФ, Светска банка, СДСМ веќе предупредија дека оваа власт загрижувачки ги задолжува граѓаните на Р. Македонија.

Тоа темпо на задолжувања изминативе девет месеци достигна 2 милиона евра на ден.
Тоа значи дека оваа власт секој граѓанин, секој ден, го задолжува по 60 денари!

Власта на Груевски веднаш да престане да ги задолжува граѓаните, а ќе одговара за сите злoупотреби.

И Богов ќе мора да одговори зошто молчи за штетите врз граѓаните од 2011 година, откако е поставен за гувернер на Народната банка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ