СДСМ: Анѓушев има пријавено буквално се

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на на прес-конференцијата на Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од економските успеси на Владата па секојдневно шири лажни вести.

Смешни се прес конференциите на ВМРО – ДПМНЕ кои се однесуваат на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Граѓаните се изнаслушаа лаги, беа сведоци на фотомонтажи за лажни прес конференции.

Фактите лесно може да се проверат и тие целосно ја демантираат ВМРО-ДПМНЕ.

За првпат после 11 години некој објави имот онолку колку што има, без да крие ништо, ниту имот на име на роднини, или пак на оф шор дестинации. Целосна лага е дека нешто не е пријавено во анкетниот лист, вистината е дека е пријавено буквално се. Пријавени се и уделите на Фероинвест. Се е законски пријавено и до најмали детали. Сите фирми имаат име, седиште, основачи и сопственици тука во Македонија, а не на некоја оф шор дестинација.

11 години од македонската јавност се кријеа компании, се кријеа пари во даночни прибежишта. Сега кога се знае се, болката на ВМРО – ДПМНЕ е дека некој од нив ќе побара да покажат точно што стекнале и на каков начин и на крај се разбира да ги вратат парите кои ги земаа од граѓаните на Македонија.

Време е ВМРО – ДПМНЕ да се однесува како вистинска опозиција и да започне дебата со факти, а не да шири лажни вести“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март