СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните треба да ги поддржи владините политики за покачување на платите

Од:

СДСМ испрати реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ поврзана со висината на просечната плата.

„Доколку сакаше, ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат граѓаните за сметка на богатење на една група од врвот на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, оставајќи 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија.

Резулатот на ваквите промашени економски политики беа поразителни, над 180.000 граѓани преживуваа со само 40 денари на ден, додека 626.312 се иселија од државата во потрага по работа и достоинствени услови за живот.

Новата реформска Влада пред се ќе работи во интерес на граѓаните и ќе ги поправи економските штети што им ги направија ВМРО-ДПМНЕ !

Новата Влада предводена од СДСМ посветено и напорно ќе работи на исполнување на зацртаните цели кои ќе овозможат минимална од 12 000 до крајот на годината и 16.000 денари до крајот на мандатот. Крајната цел е просечна плата од 30.000 денари.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина мисли на граѓаните, треба да ја подржи реформската Влада предводена од СДСМ во спроведувањето на новите ефикасни економски политики кои ќе овозможат покачување на минималната плата на 12.000 денари за сите работници до крајот на буџетската година“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”