СДСМ: 250 милиони поддршка за земјоделците и дополнителни 35 милиони евра од ИПАРД

Од:

Оваа година за првпат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, вреден 250 милиони денари.Овие средства главно ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно житни култури рече на прес конфереција пратеничката од СДСМ Љубица Спасова.

– 120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.Оваа година, поради високата цена на нафтата, направено е усогласување и износот за реализација на мерката „зелена нафта“ е зголемен за 13 отсто.

Важно е да се напомене дека овој Интервентен фонд е надвор од директните плаќања и руралниот развој, односно останатите видови на субвенции се исплаќаат редовно, навремено и неселективно.Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која сите земјоделци што имале штети врз земјоделското производство поради временски непогоди минатата година ќе бидат обештетени во висина од 10 отсто од вкупната проценета штета.Повеќе пари и нови можности за развој на земјоделството овозможува и ИПАРД 3 програмата чиј буџет ќе биде зголемен за 60 отсто, а првиот повик се очекува да биде во вредност од околу 35 милиони евра за поддршка на земјоделството вели Спасова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски