СБ: Палестинците губат милиони поради ограничувањата на Израел

Од:

Палестинците би можеле да го поттикнат економскиот раст за една третина и на половина да го намалат буџетскиот дефицит, доколку Израел би им дозволил, да користат 61 отсто од територијата на Западниот брег, која во моментот воглавно им е недостапна, соопшти денеска Светската банка.

СБ и земјите донатори, кои им помагаат на Палестинците, повеќе пати апелирале до Израел да ја отвори забранетата територија, позната како „Подрачје Ц“, меѓутоа во денешниот извештај прв пат детално се проценуваат палестинските загуби.

Пристапот до „Подрачјето Ц“ нема да ги реши сите палестински економски проблеми, но алтернативата не е светла, се вели во извештајот.

Без економски активности на тоа подрачје, како што се наведува, економскиот простор на Западниот Брег, ќе остане неразвиен, населен со луѓе чии секојдневни контакти со државата Израел се карактеризираат со незадоволство, неприлики и трошоци.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

(ВИДЕО) Балистичка ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, има повредени

Горан Наумовски

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

Израелската армија мобилизира резервисти

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени