Саудиска Арабија трпи штети од евтината нафта

Од:

Најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија, во буџетот за 2015 година предвидува дефицит од 38,6 милијарди долари, како последица на падот на цените на „црното злато“.

Во буџетот на Саудиска Арабија за идната година се предвидуваат приходи од 190,7 милијарди долари и трошоци од 229,3 милијарди долари.

Во споредба со оваа година, Ријад предвидува раст на трошоците за речиси 1,5 милијарди долари, но од друга страна се очекува приливот на средства во буџетот да биде помал за 37,3 милјарди долари, пред се како последица на намалените приходи од извозот на евтината нафта.

Ова е досега најголем буџетски дефцит на Саудиска Арабија и прв по 2011 година.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Нови цени на горивата

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета