Сарачини во Кичево на средба во локалната самоуправа

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска престојуваше во Кичево каде имаше средба со градоначалникот Фатмир Дехари. Целта на посетата е зајакнување на соработката помеѓу општините и институциите во државата, но и презентирање на владината програма за развој на општините.

– На состанокот се презентираа конкретни проекти од областа на енергетиката, земјоделството и турзимот, а во јуни и јули месец договоривме да се организира голем инвестициски самит на кој ќе присуствуваат ислениците од дијаспората, на кои ќе им се презентираат поволните услови за инвестирање на технолошко-индустриската зона во Кичево која што е основана од Владата на Република Македонија, како и останатите можности за инвестирање со кои располага општината, изјави министерот Сарачини.

Додаде дека следниот четврток од 12 до 14 часот ќе се отвори Канцеларија од страна на Министерството за економија и Министерството за земјоделлство, каде заинтересираните компании ќе можат да се информираат за сите мерки што ги донесе Владата за подобрување на бизнис климата во Република Македонија, за процедурите за отварање бизниси, но и за субвенциите кои ги доделуваат двете министерства.

На состанокот стана збор и за можностите кои ги нудат рудниците Тајмиште и Стогово, кои значително ќе придонесат за развој на економијата во регионот.

Новиот градоначалник Фатмир Дехар ја поздрави оваа иницијатива и истакна дека ќе се погрижи за обука на вработените и воопшто на администрацијата во насока на подобрување на локалниот економски развој, како и дека ќе се мобилизираат за реализирање на програмата на Владата за развој на општините.

– Ќе се погрижиме да се зголемат инвестициите во сите области, со тоа што ја разгледавме и можноста да предложиме конкретна туристичка понуда за општината до туристичките агенции и се надеваме дека Кичево за кратко време ќе стане атркативна општина за странските туристи, истакна Дехари.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана