Сарачини: Стапката за раст на БДП од 1,8 отсто е реално остварлива

Од:

Проценката на ЕБОР дека економијата на Република Македонија во текот на 2013 година ќе се зголеми за 1,8 отсто е многу близу до стапката на пораст на БДП од 2 отсто во 2013 година, која ја проектираа Владата на Република Македонија и ММФ. Се чини дека таквата стапка е реално остварлива, затоа што е проектирана со примена на конзервативен метод.

Ова го истакнува министерот за економија Ваљон Сарачини во интервју за МИА.

– Проектираниот пораст на БДП може да се оствари со дејствување на повеќе сектори. Доминатно ќе биде влијанието на градежништвото, особено по најавите на Владата на Република Македонија за интензивирање на капиталните градежни интервенции во областа на патната и железничката инфраструктура и енергетиката. Дополнителен поттик на тоа ќе биде најавената или веќе почнатата реализација на странски директни инвестиции во развојните индустриски зони и во туризмот, вели Сарачини.

Мерките што кон крајот на минатата и во почетоткот на оваа година ги донесе НБРМ, нагласува,  ќе влијаат на поттикнување на производството за извоз на разни стоки и услуги, при истовремено намалување на увозот, особено на енергенси, што, исто така, позитивно ќе влијае врз големината на БДП.

– За остварување на планираниот пораст на БДП ќе влијае и задржувањето, а во одделни сегменти и зголемувањето на домашната потрошувачка, како резултат на зголемените буџетски средства за исплата на пензии и за социјални случаи. Логично е да се очекува засилено дејство и на земјоделството, како резултат на натамошното зголемување на субвенциите во таа област, но и на се подобрата политика на откупување и пласирање на земјоделските производи на домашниот и на странските пазари, прецизира Сарачини.

Во интервјуто за МИА министерот за економија говори и за тендерите за продажба на загубарите, за развојот на туризмот, воведувањето на ХАЛАЛ стандардот, евентуалниот влез на руски инвеститори во енергетиката, субвенциите за вградување сончеви колектори, ефектите од владината поддршка за отворање мали бизниси.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница