Сарачини: Се уште не е укинато ограничувањето за увоз на пченица

Од:

Ограничувањето за увоз на српска пченица не е укинато, но се уште не се дефинирани конечните ставови на македонската и српската влада, бидејќи се во фаза на преговори. Ова денеска го изјави министерот за економија Ваљон Сарачини, објаснувајќи дека конечната одлука ќе се донесе 22. јули на средбата на ЦЕФТА.

– Македонија не прифати целосно да ја повлече одлуката, преговараме за да најдеме начин како тоа долгорочно да го решиме и да немаме вакви проблеми во иднина. Вчера имаше средба меѓу владини претставници од Македонија и од Србија, ситуацијата е смирена и веќе се договоривме на неделна основа да имаме состаноци со претставници од српската Влада, изјави Сарачини.

Тој прецизира дека за 22. јули е закажана средба на ЦЕФТА на која, како што рече, ќе се обидат да се најде заеднички јазик за да се реши овој проблем долгорочно и во иднина да нема проблематични ситуации не само со нашите соседи, туку и со другите европски земји со кои имаме добра трговска соработка.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

Близу Вуковар: Двајца крадци украле дури 35 тони пченица

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Николовски: Во вторник Владата ќе расправа за постапката за набавка на пченица за стоковите резерви

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

A1on