Сарачини се сретна со претставници на УСАИД

Од:

Утврдување на слабостите кои влијаат на економскиот раст во одделни области и подготовка на анализи за нивно надминување, се клучните активности од проектот за дијагностика на инкузивен економски раст, за кој денеска разговараа  министерот за економија Ваљон Сарачини  и претставниците на УСАИД, Стивен Андерсон и Метју Хачерсон.

Дијагностиката, соопшти Министерството за економија, се однесува на анализа на развојот на методите кои на меѓународно ниво се воспоставени од пред 7 години, со цел да се идентификуваат слабостите кои влијаат на економскиот раст во поедини области и  да се развијат анализи за решавање на пречките односно слабостите на економскиот раст.

Од аспект на надлежностите на Министерството за економија, на средбата е презентирана кратка анализа која има исклучително влијание врз креирањето на бруто домашниот производ (БДП) во македонската економија во развојот на енергетиката, најновата состојба со капиталните и инвестициските проекти, либерализацијата на пазарот на енергија, примената на фидинг тарифа и стратегиските документи кои се донесени да ги поддржат  тие анализи.

Министерот Сарачини ги информирал претставниците од УСАИД за инвестициските активности, меѓу кои за големите проекти се ХЕЦ Чебрен и Галиште, ХЕЦ Бошков мост, гасификацијата на Република Македонија и енергетските интерконекции. Ги потенцирал и активностите во областа на енергетската ефикасност, како еден од главните приоритети на енергетската политика на Република Македонија.

На средбата се  дискутирало и за развојот на индустриската политика во однос на поддршката на малите и средни претпријатија во претприемништвото,  нивното учество во проекти и програми во надлежност на Министерството за економија, стратешките приоритети и услови за креирање конкурентска позиција, како на домашниот,  така и на надворешниот пазар.

Сарачини, се вели во соопштението, ја презентираше и состојбата со иновативноста и нејзиниот развој, новата Стратегија за иновации, учеството на малите и средни претпријатија во иновативните идеи, бизнис програмата за поддршка на конкурентноста, каде што постои посебна мерка за иновативност и мерките за зајакнување на соработката меѓу државата, бизнисот и институциите.

Една од темите на средбата беше и развојот на женското претприемништво, при што посебен акцент е ставен на потребата од отварање гарантни фондови или еквити фондови, кои финансиски ќе ги поддржат малите и средни претпријатија во новите бизниси и идеи и ќе ја заменат улогата на комерцијалните банки и кредити што им се единствено на располагање на тие претпријатија.

На средбата на Сарачини со претставниците на УСАИД е презентирана и платформата за Западен Балкан, што содржи проекти за поддршка на малите и средни претпријатија во вредност од 146 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница