Сарачини очекува интензивирање на економската соработка со Косово

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска престојувше во работна посета на Република Коосво, каде оствари средби со министрите за инфраструктура, економски развој и за финансии на Коосво, Фехми Мујота, Фадил Исмајли и Бесим Бечај.

Министерот Сарачини изрази задоволсто од степенот на развивање на економската соработка со Косово.

– Разговаравме за доста битни и значајни проекти за економскиот развој на двете држави и се надевам дека соработката која денес ја имаме на економски план ќе продолжи натаму и ќе се интензивира. Со Косово имаме многу заеднички работи кои треба да ги завршиме согласно препораките на ЕК и Европаската енергетска заедница. Се договоривме заедно да аплицираме со заеднички проекти до меѓународните фондови за да можат нашите компании успешно да аплицираат и да ги завршат преговорите, изјави Сарачини.

Тој истакна дека од косовскиот министер за инфраструктура Мујота бил информиран дека кон крајот на годината ќе почне изградбата на автопатот од Приштина до Блаце, кој ќе биде завршен за 42 месеци.

– Веќе се завршени сите детали и се очекува да се избере само компанијата која ќе го изгради автопатот, додаде Сарачини, кој рече дека согласно владината програма во втората половина од 2014 година, Македонија треба да го објави јавниот повик за избор на компанија која ќе го гради автопатот Скопје-Блаце.

Предходно треба да бидат завршени сите други процедури и да се изработи физибилити студија и да се одлучи кој извор на финансии е најприфатлив.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница