Сарачини на состанок на министри за енергетика во Вилнус

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за енергетика, што ќе се одржи во Вилнус, Литванија, како подготовка за средбата на министрите од тој ресор во декември годинава.

На состанокот ќе се дискутира за клучните приоритети во енергетиката за време на претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија, вклучително и комплетирањето на внатрешниот пазар за енергетика на ЕУ во 2014 година и зајакнување на надворешната димензија на енергетските политики на ЕУ.

Министерот Сарачини ќе учествува на втората сесија на која ќе се дискутира за регионални иницијативи и мрежи, како начин да се зајакне пазарот, имплементација на проекти од интерес на заедницата, интервенција на пазарот на електрична енергија, како и за сопствени енергетски извори на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови