Сарачини-Калстер: Повисоко ниво на економската соработка меѓу Македонија и Белгија

Од:

Економската соработка помеѓу  Македонија и Белгија  треба да се интензивира на меѓувладино, на ниво на стопански комори и поединечно меѓу компании од двете земји.

Тоа го  оценија на денешната средба во Скопје министерот за економија Ваљон Сарачини и новоименуваниот амбасадор  на  Белгија во  Македонија Аник Ван Калстер со седиште во Софија.

Договорено е да се формира македонско-белгиска стопанска комора со компании од двете земји, а македонски студенти да одат на обука во белгиски компании.

Според соопштението од Министерството за економија, амбасадорката Калстер укажала на поддршката од Белгија во обезбедување нови извори за финансирање мали и средни претпријатија, на претприемништвото и  при користење на европските фондови.

Во наредниот период, се вели во соопштението, министерот Сарачини ќе ја искористи можноста да го посети Кралството Белгија каде пред белгиски бизнисмени ќе го презентира потенцијалот и условите  за инвестирање во Македонија.

На денешната средба присуствуваа и конзулот Ерик Санткен и Филипе Суинен, генералниот директор на Агенцијата за надворешна трговија и инвестиции „Валонија“.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија