Сарачини: Еурокомпозит најблиску до инвеститор, за ОХИС се преговара

Од:

Еурокомпозит од Прилеп моментално е најблиску до решение на статусот од сите четири загубари, бидејќи ситуацијата внатре е малку постабилна во однос на другите, најави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

– Минатата недела имавме средба со хрватската компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“ која е многу  заинтересирана да инвестира  во Еурокомпозит. За ОХИС долго време се обидуваме да најдеме заеднички интерес со двајца инвеститори, еден од Бугарија и еден од Германија.

– Веќе сме многу блиску да се договориме во однос  на тендерската документација и условите кои ние ги нудиме и кои тие ги бараат. Очекувам дека во наредниот период ќе успееме да објавиме тендер кој ќе биде усогласен со неколку инвеститори со цел конечно да ги решиме прашањата кои се отворени со загубарите, изјави Сарачини, одговарајќи на прашање по средбата со претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски во просториите на Заедницата.

Тој појасни дека во Министерството за економија веќе е направен акциски план за сите четири загубари  и оти скоро секоја недела има средби со различни инвеститори на кои, како што рече, се разговара за сите загубари.

– За денеска немам закажано средба со инвеститор од Германија заинтересиран за ОХИС, прецизира Сарачини.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана