Сарачини апелира до граѓаните за порационално користење на енергијата

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст, денеска во хотелот Сириус во Струмица ги посетија новинарите кои се на обука за енергетска ефикасност како дел од платформата за енергетска ефикасност „Размисли и заштеди“.

Анализите од енергетскиот сектор, посочи министерот Сарачини, покажуваат дека потрошувачката на струја расте во услови кога овој енергенс поскапува и е дефицитарен.

– Освен нови инвестиции потребна е рационализација во потрошувачката и на долг рок тоа ќе обезбеди стабилност. Заштедите од електрична енергија се големи, во јавните згради и до 40 проценти, но овој процент може да биде поголем. Домаќинствата годишно може да штедат и до 1.000 евра, а компаниите и стотици илјадци, со што ќе се ослободат средства за друга намена. Во услови на општа економска криза тоа ќе биде добро за целото стопанство. Ова нека се сфати и како апел до граѓаните за што порационално користење на енергијата, изјави Сарачини.

За поддршка во реализацијата на мерките за унапредување на енергетската ефикасност во октомври 2012 година отпочна Платформата за енергетска ефикасност, која се реализира во соработка со Министерството за економија и со АД ЕВН Македонија. Основна цел на оваа Платформа е подигање на јавната свест и промена на навиките во врска со потрошувачката на електрична енергија, едукација на различни групи за поголема примена на мерките за енерегетска ефикасност како и креирање на основна база за натамошен развој. Целна група на оваа Платформа е јавноста, малите и средни претпријатија, како и домаќинствата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница