„Самсунг“ планира да продаде 510 милиони телефони во 2013 година

Од:

Јужнокорејскиот електронски гигант „Самсунг“ планира следната година да продаде повеќе од половина милијарда телефони во светот (510 милиони) и со тоа да ја зачува лидерската позиција на овој пазар.

„Самсунг“, за реализација на оваа цел, планира на продажбата на новите апарати со инсталиран оперативен систем Андроид, на американската компанија „Гугл“, но и на забрзување на продажбата на „паметни“ мобилни телефони со инсталиран оперативен систем Виндоуз фон 8, на американската софтверска компанија „Мајкрософт“.

Јужнокорејската компанија оваа година направи посебен продор на пазарот на мобилна телефонија, каде го зазеде првото место пред финскиот производител „Нокиа“.

Би можело да ве интересира

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Драган Поповски

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска

Заработувачката на Хуавеј Технолоџи се зголеми за 28,1 отсто

Ана Ололовска

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Ана Ололовска

Аудио плеер за лица со посебни потреби

Ана Ололовска

Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Емир Латифовиќ