Самит Македонија 2025: Отвореност, добра бизнис клима и партнерство за економски развој

Од:

Малите држави да покажат отвореност за економска соработка, да обезбедат стабилна и поволна бизнис клима за инвестиции, како и да вложуваат во образование и иновации, се дел од пораките на учесниците на 6. Самит на Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје.

На првиот ден од самитот се споделуваа најдобрите светски практики и можностите за најдобрите модели што ќе придонесат за развој на малите економии.

Според македонскиот премиер, Зоран Заев, иако поддршката за регионалната соработка надвор од регионот е се уште неопходна, многу иницијативи доаѓаат од самите актери во регионот и се прифатени и трансформирани во регионални.

Тој пред учесниците на самитот се осврна на Акцискиот план за регионалната економска област на Западен Балкан. На регионалната економска област не треба да се гледа како замена за членството во ЕУ на секоја од земјите во Западен Балкан, туку како на агенда за регионална економска интеграција согласно правилата на Централноевропската спогодба за слободна трговија и принципите на ЕУ кои произлегуваат од спогодбите за стабилизација и асоцијација.

– Имплементацијата на сеопфатните можности на новите иницијативи во регионот бараат силно партнерство меѓу владите на државите од Западен Балкан, приватниот сектор, меѓународните организации и донаторите што се подготвени да ги поддржат овие процеси. Целта на овие процеси е да дадат сигурност на повеќе од половина милион компании кои работат во земјите од Западен Балкан, да препознаат дека се создава подобра средина во која може да растат, да инвестираат, да вработуваат…, рече Заев.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потенцираше дека Македонија е мала држава и мора да тргне од таа позиција со оглед дека има два милиона жители и ограничен пазар. Ако сакаме да имаме пораст на БДП, тоа значи дека во Македонија не можеме да ги бараме резервите како тоа да го зголемиме на внатрешниот пазар, туку мораме да ги бараме резервите во нашата отвореност кон светот и во нашата извозна ориентација, порача Анѓушев.

За да се обезбеди целта на Владата за економски раст од пет до шест проценти, потенцираше Анѓушев, треба да се зголеми сегашното учество на извозот од околу 50 проценти во БДП на 60 до 70 проценти.

Најавениот сет со нови економски мерки на Владата, според Анѓушев, ќе овозможат присутните странски инвеститори кои се меѓународно признати и имаат добри перформанси во работењето на македонскиот пазар, согласно новите мерки, да бидат уште подобро помогнати не само од финансиски аспект, но и на нивните сегашни и идни инвестиции.

– Програмата што ја предложивме ќе биде стимулативна и за компаниите по истекот на 10-годишните бенефиции да останат во Македонија, смета Анѓушев, порачувајќи дека ниту една субвенција од Владата нема да биде доволна и добра ако не се направи општество без корупција во која никој ќе нема потреба да доаѓа во Владата и да се договара за помош, туку тоа ќе биде по автоматизам.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски