Самарас: Кипарската криза директно ја засега Грција

Од:

Економските проблеми на Кипар директно ја засегаат Грција, а традиционалните сојузници ќе ја координираат својата политика во пресрет на самитот на еврозоната што се одржува кон крајот на неделата, изјави грчкиот премиер Антонис Самарас.

– Нашите односи со Кипар се братски и тоа не треба да се заборави. Актуелната економска ситуација на Кипар директно ја засега Грција, изјави Самарас по состанокот со новоизбраниот кипарски претседтаел Никос Анастасијадис, јави Танјуг.

Во рамките на пакетот помош договорен минатата година, долгот на Грција кон приватните кредитори, меѓу кои и кипарските банки, е делумно опростен.

Администрацијата на Анастасијадис сака тоа да биде земено во предвид во текот на преговорите со меѓународните кредитори за добивање на пакет финансиска помош.

Финансиската помош за Кипар, во износ од 17 милијарди евра, е речиси еднаква со годишниот бруто домашен производ на земјата и ќе го зголеми долгот на Кипар на над 140 проценти од БДП.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија