Сакеларидис: Атина и кредиторите блиску до постигнување договор

Од:

Грчката Влада е многу блиску до постигнување договор со доверителите, изјави портпаролот на Владата Гаврил Сакеларидис за телевизијата Скај.

Осврнувајќи се на ДДВ-то за островите, тој рече дека премиерот Алексис Ципрас го покренал ова прашањето и има надеж за позитивен исход.

Во однос на прашањето на долгот, тој рече дека и тоа е покренато и за него ќе се разговара што е можно поскоро. Главниот проблем во моментов е несигурноста, истакна тој, додавајќи дека договорот ќе биде поднесен во Парламентот до крајот на оваа недела. За договорот треба да се гласа најдоцна до 30 јуни.

– Мерките имаат специфична насока, тие го распоредуваат товарот. Ние се бориме и постојат многу предлози кои даваат перспектива и простор за дишење. Верувам дека само намалувањето на примарниот суфицит е нешто што обезбедува фискална корист, рече Сакеларидис.

Владиниот портпарол истакна дека официјална Атина инсистира и смета дека е исклучително важно да се спречи ризикот од несигурност и да се решат сите финансиски прашања на среден рок. Тој, исто така, рече дека постојат сериозни причини да се верува дека прашањето ќе се реши, додавајќи дека Владата „се бори за тоа“.

– Се додека се криеме зад нашиот прст и се преправаме дека не постои проблем во однос на одржливоста на долгот и финансиски дупки со кои грчката Влада мора да се справи, нема да го решиме проблемот, рече Сакеларидис.

Според него, грчката Влада предлага решение кое не е на товар на даночните обврзници на ЕУ, и не е на товар на буџетите на европските земји.

Во дrуга изјава за телевизијата Мега, Сакеларидис рече дека се очекува до недела да биде постигнат договор и оти следните 48 часа се од суштинско значење.

– За оваа недела се закажани самити на ЕУ и на Еврогрупата, и затоа денеска е клучен ден, рече тој.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица