„Сакам да работам“ го честита 8 Mарт со пораката до мажите: Жената е цвет кој се чува и негува секој ден!

Од:

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, на сите жени им го честита Меѓународниот ден со пораката адресирана до мажите:

Жената е цвет кој се чува и негува секој ден, без исклучок, 365 дена во годината!

За жал, жените, мајките, девојките и во денешно време се борат со одредени предрасуди, особено ако работат професии кои во општеството се оцрнуваат заради наметнати стереотипи со кои е многу тешко да се избориш.

Различните приредувачи на игри на среќа кои на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија, се една од ретките економски гранки во која значителното мнозинство вработени се жени.

Затоа, ја користиме денешната прилика на сите жени кои работат во секторот игри на среќа јавно да им изразиме признание за храброста и одважноста што достоинствено се справуваат со сите предизвици, особено со начинот на кој некој однадвор, без никакви познавања на приликите, неосновано го омаловажува нивниот професионален статус.

Здружението „Сакам да работам“ заедно со асоцијациите и претставниците на менаџментот ќе продолжат доследно да ги заштитуваат правата и да ги исполнуваат сите обврски кои произлегуваат од работниот однос за сите вработени, со посебен акцент на понежниот пол кој е фундаментот на кој се потпира внатрешната организациска поставеност на секторот игри на среќа.

Конечно, изразуваме благодарност до сите надлежни државни институции, особено полициско-безбедносните структури кои се секогаш подготвени да одговорат на сите евентуални обиди за нарушување на јавниот ред и мир и со тоа ги заштитуваат нашите вработени и им влеваат сигурност што е многу важен предуслов за оваа професија.

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до „Шанса за Центар“: Не терајте дневна политика со игрите на среќа, така не се заштитува младината

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до македонските политичари: Застанете во наша одбрана, не дозволувајте да не избркаат од Македонија

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Нема посилен аргумент од вашето предизборно појавување дека легалните игри на среќа се цел на политичко-етнички инженеринг!

Горан Наумовски

„Сакам да работам“ до коалициите Вреди и Европски фронт: Дали заради вашата политичка пресметка треба без егзистенција да останат 10 илјади луѓе?

Катерина Ѓуровски

„Сакам да работам“ до политичарите: Зошто пред секои избори судбината на 10 илјади вработени се доведува во прашање?

„Сакам да работам“ за групата демонстранти во Струга: Се води неоснована хајка против игрите на среќа!

Предраг Петровиќ