САД воведоа царини за европски производи

Од:

САД денеска воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа производи, што претставува нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани дека ќе се воведат реципрочни мерки.

Царините стапија во сила една минута по полноќ и, меѓу другото, се однесуваат на авионите на „Ербас“, француските вина и шкотското виски.

Американската Влада пред четири дена доби зелено светло од Светската трговска организација за воведување царини како одговор на субвенциите кои ЕУ му ги даде на Ербас.

САД се веќе во трговска војна со Кина, што претставува голем ризик за стабилноста на глобалната економија.

Трамп завчера повторно ги нападна европските земји и ги обвини за нефер постапување и „огромни бариери“ против увоз од САД.

Сепак, тој не ја отфрли можноста за постигнување договор и со тоа да се стави крај на спорот.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, кој е во Вашингтон на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд, ја предупреди американската Влада дека одлуката за царините ќе има „негативни последици, како економски, така и политички“.

– ЕУ е подготвена да возврати, рече Ле Мер.

За денеска е предвидена средба меѓу Ле Мер и трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија