САД: Не сме одговорни за економските проблеми во Турција

Од:

Американската администрација отфрли каква и да било одговорност за економските проблеми на Турција, нагласувајќи дека кризата во земјата го надминува опсегот на санкциите што ги воведе Вашингтон, јави ДПА.

– Економските проблеми не започнаа откако ние воведовме санкции кон две лица на 1 август оваа година, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.

САД на 1 август воведоа санкции кон двајца турски министри, како реакција на одбивањето на Турција да го ослободи од притвор американскиот пастор Ендрју Брансон. Тензиите меѓу Вашингтон и Анкара, резултираа со намалување на вредноста на турската лира, која забележа дополнителен пад по одлуката на Вашингтон за зголемување на царините за увоз во САД на челик и алуминиум од Турција.

Нојерт нагласи дека сите економисти се согласуваат оти тоа што се случува во Турција е „далеку надвор од опсегот на политиките и механизмите“ што во изминатиот период САД ги презедоа кон Анкара

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски