САД ќе ги зголеми царините за авионите „Ербас“

Од:

САД вчера објавија дека од 18 март ќе ги зголемат царините на авионите „Ербас“ увезени од Европа за 15 проценти, соопшти американското Министерстви за трговија.

Царините од минатиот октомври се зголемени за 10 проценти, кога американската Влада одлучи да оцарини со 7,5 милијарди европски производи, јави дописникот на МИА.

Првично, Вашингтон ја презеде оваа акција во знак на одмазда против субвенциите што ги доби европскиот производител на авиони, кои се сметаат за непотребни од Светската трговска организација (СТО).

Другите производи – вклучувајќи вино, сирење, кафе и маслинки – се оцаринуваат со 25 проценти од октомври.

Во Европа и САД, различните засегнати сектори го задржуваат својот здив со секоја нова одлука, со надеж дека нивната категорија ќе биде отстранета од списокот, и од страв дека тарифите ќе бидат зголемени.

“Индустријата за алкохолни пијалаци од двете страни на Атлантикот доволно претрпе, реагираше во петокот Советот за дестилирани пијалаци, американско професионално здружение.

Тоа ги повикува властите да ги повлечат царините од 25 отсто на американските виски од страната на ЕУ, како и 25 проценти на царините за алкохол увезен од пет европски земји”, велејќи дека тие ја казнуваат економијата на Соединетите држави и им се закануваат на работните места.

Во октомври, „Делта ер лијнс“, клиент на компанијата „Ербас“, ги осуди овие санкции, сметајќи дека тарифите ќе им предизвикаат „сериозна штета на американските авиокомпании, на милиони Американци што ги вработуваат и на патниците“.

Но, американскиот претседател Доналд Трамп исто така ги користи овие царини како средство за преговарање.

По неколкумесечна трговска војна со Кина, со реципрочни казнени тарифи, тој смета дека „неговата стратегија се исплати“, кога двете земји потпишаа договор во средината на јануари.

Неговото внимание сега е насочено кон Европа. Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ја најавија на крајот на јануари, по состанокот во Давос (Швајцарија), нивната желба повторно да има трансатлантскиот трговски преговори и да склучат договор во наредните недели.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски