САД ја казнија швајцарската банка „Вегелин“ со 58 милиони долари

Од:

Американски суд ја казни приватната швајцарска банка „Вегелин“ со речиси 58 милиони долари поради помош на богатите американски државјани да избегнат плаќање данок на американските власти.

На овој износ се додава и сума од 16,3 милиони долари, што веќе се запленети во процесот против најстарата швајцарска банка, основана во 1741 година.

Банката е обвинета за помагање на богатите Америакнци да избегнат даночни обврски. Во јануари пред судот во Њујорк банката призна дека на своите сметки скрила вкупно 1,2 милијарди долари од даночни обврзници во САД.

„Вегелин“, чии активности надвор од САД ги презема „Рајфајзен Груп“, се изјасни во своето соопштение дека е задоволна од одлуката на судот.

Би можело да ве интересира

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он