САД го стопираат производството на авионот „Боинг 747-8“

Од:

Американската компанија „Боинг“ нема повеќе да го произведува познатиот модел на авиони „Боинг 747-8“, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори од компанијата.

– Последните авиони „Боинг 747-8“ ќе излезат од фабриката во близина на Сиетл за околу две години, одлуката се уште не е официјално објавена, а може да биде сменет рокот, наведува „Блумберг“.

Агенцијата посочува дека последниот модел на „Боинг 747-8“ не постигна комерцијален успех бидејќи авиокоманиите преминаа на модели со два мотори за долги десетинации. Економскиот пад поради коронавирусот сега дополнително ја усложнува продажбата на авиони.

Првиот лет на „Боинг 747“ бил во 1969 година, а од следната година авионот влегува во редова експлоатација. Вкупно се произведени над 1.500 авиони со различни модификации.

Би можело да ве интересира

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он

Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари

Боинг прекина со набавката на титаниум од Русија

А1он