САД ги зголемија царините на кинеската стока, Пекинг презема контрамерки

Од:

Американските царини на 200 милијарди долари увоз од Кина се зголемени утрово од 10 на 25 отсто, што претставува нова ескалација во трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.

Кина претходно се закани дека ќе одговори со иста мерка доколку САД ги зголемат царините.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на тој начин ја интензивира трговската војна со Кина, за која тврди дека ги прекршила ветувањата дадени во текот на преговорите.

Зголемувањето на царините стапи во сила, иако во Вашингтон се во тек разговори меѓу двете страни, кои ќе продолжат денеска, бидејќи вчера завршија неуспешно.

Кинеската Влада соопшти дека ќе преземе „неопходни контрамерки“ како одговор на најновото зголемување на американските царини на кинеската стока, без да наведе повеќе детали.

– Кина длабоко жали што е принудена да преземе неопходни контрамерки, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Кина на претходното зголемување на царините одговори со сопствени царини на 110 милијарди долари американска стока, но тука има помалку простор за зголемување поради трговскиот дисбаланс меѓу двете земји.

Кинеските регулаторни тела, исто така, почнаа да ја отежнуваат работата на американските компании во Кина, забавувајќи ги царинските прегледи за нивните производи и заострувајќи го регулаторниот надзор.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски