САД ги иззема ЕУ и шест земји од увозните царини на челик и алуминиум

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа донесе одлука за привремено изземање на шест држави и Европската Унија од увозот на челик ми алуминиум, соопшти Белата куќа.

„Царините за увоз на челик и алуминиум се укинуваат до 1 мај 2018 година за членките на ЕУ и Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Мексико и Јужна Кореја, соопшти Белата куќа.

САД од денеска почнаа со примена на увозни царини од 25 отсто на челик и 10 проценти на алуминиум.

Вашингтон со тие држави разговара за „задоволувачки алтернативни начини на третирање на заканата од слабеење на американската национална безбедност поради увозот на челик, се наведува во изјавата на Трамп.

Американскиот претставник за трговија Роберт Лајтизер вчера во Сенатот соопшти дека укинувањето на царините го дозволил Трамп.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД