САД дозволија кинеската ЗТЕ да продолжи да работи со американски компании

Од:

Американските власти дозволија кинескиот производител на телекомуникациска опрема ЗТЕ да продолжи да работи со американски компании.

Со тоа привремено е суспендирана забраната воведена поради извозот што технолошкиот гигант го изврши во Иран и Северна Кореја, кршејќи ги санкциите на Вашингтон.

На компанијата ЗТЕ ќе и биде дозволено да работи со американски компании за одржување на постоечките телекомуникациски мрежи и мобилни телефони и за поддршка во сегментот за безбедност, соопшти Канцеларијата за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД.

Дозволата ќе трае до 1 август. Кинеската компанија, со седиште во јужниот град Шенџен, ги прекина повеќето деловни операции откако во април оваа година и беше забрането да купува американски компоненти и технологија.

Во март 2017 година, ЗТЕ ја призна вината и се согласи да плати казна од 1,19 милијарди долари отштета поради испорака на опрема во Иран и Северна Кореја, спротивно на регулативите на САД. Компанијата вети дека ќе ги казни вработените кои беа вклучени во тоа, но од Министерството за трговија оваа недела предложија наместо казна да им се исплатат бонуси.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски