С. Македонија со најмало бирократско оптоварување за компаниите, покажува извештајот за Индексот на бирократија

Од:

На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Северна Македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување во однос на процедурите и бројот на часови кои им се потребни на компаниите за да ги завршат сите обврски кон државата.

Во однос на електронските услуги, Северна Македонија, како што денеска беше посочено, е пред земји-членки на Европската унија.

– Системот за исплата на плати е целосно во електронска форма и компаниите воопшто немаат проблем и во услови на пандемија, значи не се зголемува товарот. Ова би го посочила како добра страна, изјави Никица Мојскоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија2025“, организација која го презентираше извештајот во Скопје.

Слабостите главно се во оние области каде законската регулатива се уште не е усогласена со Европската унија или е во процес на усогласување. Обврски со кои допрва ќе се соочат компаниите се управувањето со отпад и заштитата на личните податоци.

– Законот за заштита на лични податоци донесен во 2020 година, кој почна да се применува во 2021 година и со кој се воведуваат обврски за компаниите, како и уште две-три законски измени, сметаме дека ќе го зголемат товарот на индексот во 2021 година. Значи, до крајот на годинава тие би претставувале зголемен товар, рече Мојскоска-Блажевски.

Според вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во период од една година направени се сериозни исчекори за олеснување на бирократските процедури, но може да се направи уште повеќе.

– И не само што можеме, туку ние тоа и го правиме. Во овој меѓупериод од една година преземени се сериозни чекори во насока на поефикасна и поефективна администрација и намалување на бирократските процедури. Тоа го правиме и на оперативно и на стратешко ниво, изјави Битиќи пред почетокот на денешната презентација на Индексот на бирократија.

Посочи дека просечното време за добивање на државната помош за инвестиции е намалено на два месеца за разлика од пред една година кога се чекало од 8 до 12 месеца, а најави дека ќе се воведе и дигитален асистент за државна помош со што земјава ќе биде првата во Југосточна Европа што го има воведено.

Најголем дел од препораките во Извештајот, како што оцени, се веќе детектирани од страна на Владата и се работи на нив.

Би можело да ве интересира

Самит Македонија 2025: Повик за мобилизирање на сите ресурси за економски развој

Ковачевски: Отворен Балкан значи можност за инвестиции и економски раст на регионот

Српската премиерка Ана Брнабиќ во Скопје

Битиќи: Земјава ќе биде пионер во воведувањето асистенти за вештачка интелигенција

А1он

Заев на Самитот „Македонија 2025“: Обезбедуваме сигурност на инвестициите со воспоставување на владеење на правото

Деветти Самит на „Македонија 2025“

Ана Ололовска