Битиќи: Земјава ќе биде пионер во воведувањето асистенти за вештачка интелигенција

Од:

До пред десет години не можеше ни да се замисли дека владините седници ќе се одвиваат онлајн, но пандемијата го покажа спротивното. И тоа како може да се функционира дигитално. Јавната администрација е подготвена, но не сум сигурен за останатите чинители во општеството и зошто одбиваат да одат онлајн, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот прв панел во рамки на 10. Самит на Мекдонија2025.

Според Битиќи, дигитализацијата ќе биде една од капиталните инвестиции проектирани во Буџетот, а бенефитите допрва ќе се почувствуваат.

Земјава, потенцира Битиќи, ќе биде пионер – прва во Југоисточна Европа, па и во Европа, во однос на воведувањето асистенти за вештачка интелигенција.

-Одлучивме дека за мала земја како нашата повеќе од потребно е да се има визија за најмалку 20 години и во таа насока ги креираме мерките. Креираме всушност такви мрки, минимум среднорочни зашто ниту еден процес, посебно не дигитализацијата во јавниот сектор, кај бизнисот и граѓаните, не треба да биде краткорочно решение, истакна Биитќи.

Со самото тоа што на првиот панел од Самитот се зборува за дигитализацијата, посочи Битиќи, се покажува дека конечно сериозно ја сфаќаме потребата од овој процес за општеството.

Тој кажа дека во Министерството за информатичко општество и администрација се планирани 20 милиони евра за дигитализација.

Свесни сме дека дигитализацијата ќе придонесе за зголемување на транспарентноста, кредибилноста и демократијата што е клучно за бизнисите и инвеститорите. Целта на дигитализацијата е да се зголеми ефикасноста и ефективноста на сервисите, но и на ресурсите со кои располагате.

Од наредната година, додаде Битиќи, институциите ќе бидат дигитално поврзани и операбилни.

На прашањето колку средства од Буџетот за 2022-ра се предвидени за дигитализација, Битиќи одговори со примерот на субвенционирање во земјоделството.

– Минатите 15 години, секоја година го субвенционираме земјоделството со над 100 милиони евра, но производството се намалуваше, а извозот растеше. Сме дале две милијарди евра, но за што се тие потрошени?, рече вицепремиерот, дополнувајќи дека земјава се уште се занимава со основни прашање како што е проблемот со обезбедување вода за пиење.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј се осврна на искористувањето на дигиталните вештини во процесот на образованието за време на пандемијата. Таа подвлече дека е клучно вештините кои децата ги имаат, да се пренасочат во нешто продуктивно, а не само во играње игри.

-Децата се многу повеќе онлајн, особено последнава година, но прашањето е како знаењето и вештините да се претворат во нешто друго, не само во играње игри. Проектот во кој беа опфатени школите, а низ обуки поминаа и 3.000 наставници, даде одлични резултати. Целта беше како децата да ги употребат различно вештините. Сега гледаме програми за рециклирање, инкубатори, земјоделство. Тоа е одличен резултат. Учењето се преточи во знаење и креативно размислување, нагласи Галовеј.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена

За намалување на платите на функционерите требало консензус од сите засегнати вели Битиќи

Потпишан договорот за реконструкција и адаптација на новиот простор на Џез оркестарот

Битиќи: Заедно ја креиравме Националната развојна стратегија

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски