Рускиот капитал ќе остане во Кипар, изрази убеденост амбасадорот на Русија во Никозија на средба на тема „Иднината на Кипар за руските компании“.
Дипломатот нагласи дека преку разговорите во Москва со претставници на бизнис секторот е заклучено дека руските претприемачи имаат голема желба да останат и да помогнат на Кипар и економијата на островот.
Во обраќање до учесниците на средбата рускиот амбасадор ја истакнал долгогодишната соработка меѓу Кипар и Русија, како и здравите бизнис врски на двете земји.