Руската Влада одобри олеснување на условите за кредитот, што му е одобрен на Кипар во 2011 година, изјави рускиот заменик министер за финансии Сергеј Сторчак.
Москва вети да го реструктуира кипарскиот долг во март, по одобрувањето на спасувачкиот план од 10 милијарди евра од страна на ЕУ, ММФ и ЕЦБ. Никозија уште во јануари побара од Русија да и биде продолжен рокот за пет години за враќање на кредитот, образложувајќи со сложената финансиска ситуација како резултат на должничката криза во Грција.
Новите услови за кредитот од 2,5 милијарди долари, кои се одобрени на владина седница, вклучуваат намалување на каматата од 4,5 на 2,5 отсто.
– Кипар од 2016 година ќе треба да го врати долгот кон Русија на осум рати, наместо на една.
Секоја рата ќе се исплаќа на секои шест месеци, објасни Сторчак.