Русите и Американците ја сакаат хрватската нафта

Од:

За вистински нафтени ископувања во Хрватска се заинтересирани водечки светски нафтни компании, пишува Новости.

Сепак скептиците сметаат дека инвеститорите ќе го уништат Јадранот и дека еколошките проблеми ќе бидат поголеми од користа.

Русите и Американците само чекаат Хрвтаска да донесе нов закон кој ќе овозможи вадење на нафта и гас од Јадранот, а вистинските ископувања можно е да стартуваат веќе наредната година. Законот е во процедура и многу брзо би можел да биде усвоен, а за нафтата во Јадранот се заинтересирани многу водечки нафтени компании.

Интерес веќе покажала американската нафтена компанија ”Ekson”, а според хрватската политика која подолг период трага по инвестиции, за многумина ова ќе биде спас за БДП-то кое непреќинато тоне.

И Русите сакаат да го истражуваат Јадранот, а во земјата се јавуваат и заинтересирани инвеститори од Италија, Франција и Англија.

Додека на италјснска страна на Јадранот се 118 бушотини, Хрватска има само 15 кои се во сопственост на INA.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста