Русија засега нема да и даде финансиска помош на Грција

Од:

Русија во моментов нема намера да и даде финансиска помош на Грција, изјави рускиот заменик-министер за финансии Сергеј Сторчак.

Грчките медиуми, кои ја пренесуваат оваа изјава на Сторчак, додаваат дека тој информирал оти во рускиот буџет за оваа намена нема предвидени средства.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пред тоа рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека Русија ќе го разгледа прашањето за обезбедување на средства за Грција.

– Можеме да замислиме ситуација дека ако такво барање биде испратено до Владата на Русија, ние задолжително ќе го разгледаме, но ќе ги земеме предвид сите фактори кои влијаат на нашите билатерални односи меѓу Русија и Грција. Тоа е се што можам да кажам, изјави Силуанов.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин