Русија се уште не добила од Турција нацрт договор за „Турски поток“

Од:

Русија се уште не добила од Турција нацрт договор за гасоводот „Турски поток“, изјави за ТАСС претставник близок до процесот на преговори.

Претходно турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз соопшти дека Министерството за енергетика на Турција испратило до Русија предлог договор за „Турски поток“ и дека очекува одговор.

– Испративме до Русија проект на меѓувладин договор за „Турски поток“. Сега чекаме одговор. Ние нема да сме тие, што го сопираат исполнувањето на проектот, изјави Јилдиз, пренесува весникот „Хуриет“.

Претходно Русија испрати на Турција два предлози за меѓувладин договор за „Турски поток“ за една линија и за четири. Предложените договори се разгледуваат од турска страна.

Кон крајот на јули рускиот Министер за енергетика Александар Новак изјави дека Русија е подготвена да потпише меѓувладин договор за една линија на „Турски поток“ во рамки на една-две недели. Тогаш беше соопштено дека меѓувладин договор за останатите линии на „Турски поток“ ќе бидат договорени во друг документ.

Руски „Газпром“ и турски „Боташ“ потпишаа меморандум за соработка и разбирање за изградба на поморски гасовод од Русија кон Турција преку Црно Море во декември минатата година. За изградба на гасоводот е задолжена компанијата „Газпром Русија“.

Одлуката за проектот „Турски поток“ беше објавена за време на посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на Анкара на 1 декември 2014 година, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми