Русија продава нафта за 20 долари поскапо од цената што Г7 сака да и ја нематне

Од:

Поради растот на цените и намалената понуда на сурова нафта на светскиот пазар, Русија и ја продава нафтата Урал на Индија по цена од 80 долари за барел.

Тоа е за 20 долари за барел повеќе од цената што организацијата Г7 се обидува да и ја наметне на Москва.

Податоците од трговците со нафта и пресметките на Ројтерс покажуваат дека Русија во октомври ќе испорачува нафта од Балтичкото Море до индиските рафинерии по цена од околу 80 долари за барел.

Нафатата Урал е многу поскапа отколку во првата половина од годината, но алтернативите се уште понеповолни и не се лесно достапни, изјавил за британската агенција еден од трговците со нафта.

Во јули цената на нафтата Урал ја надмина границата од 60 долари за барел поставена од Г7 и оттогаш таа во просек се одржува многу над ова ниво, пренесува порталот oilprice.com.

Просечната цена на нафтата Урал во август изнесуваше 74 долари за барел.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски