Руски извозници на пченица ги обновија зделките со турски купувачи по куса пауза, предизвикана од влошувањето на односите меѓу двете држави поради соборувањето на турскиот ловец од турски воен авион во ноември, соопштија трговци и аналитичари, пренесе БТА.
Русија е еден од најголемите извозници во светот на пченица, а Турција е еден од најголемите купувачи на руска пченица.
По инцидентот со рускиот авион, руски и турски трговци се воздржаа од потпишување на нови договори, стравувајќи дека Москва може да го запре извозот на пченица за Турција или пак Анкара да го намали купувањето.
Но, по неколку седмици трговијата се врати кон нормалата, откако никакви слични мерки не беа воведени од двете страни.
Во исто време, Багдад размислува да го запре увозот на турско масло поради политичката напнатост со Турција, во однос на присуството на турски војници во Северен Ирак.