Акционери на најголемата банка во Кипар вчера избраа шест Руси во новиот управен одбор.
На тој начин повеќе странци влегоа во Управниот одбор на Банката на Кипар.
Големиот број Руси во управата на банката која што опстана благодарение на странската помош е последица на аранжманот во вредност од повеќе милијарди евра, за што Кипар во март се договори со партнерите.
Руските претпријатија и државјани, имаат милијарди евра на кипарските сметки.
Елена Георгиевска