РКЕ ќе разгледува одлуки за издавање лиценца за трговија со нафтени деривати

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе разгледа две предлог одлуки за издавање и за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта и нафтени деривати.

На седницата ќе биде разгледана Предлог одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со Течен нафтен гас (ТНГ), на Друштвото за трговија и услуги ЕКОНИК МАРКЕТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, како и Предлог одлуката за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со Еуросупер БС 95, Еуродизел БС, Екстра лесно (ЕЛ-1) и Мазут (М-1), на Друштвото за производство, промет и услуги СУПЕРТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Би можело да ве интересира

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он