РКЕ ќе ја допрецизира методолгијата за утврдување на цената на нафтените деривати

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работи на измени на правилникот за определување на малопродажните цени на нафтените деривати, но тие нема да влијаат врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во овој момент, инфрормира, собираме податоци од поголемите трговци со нафта и нафтени деривати на кои им имаме издадено лиценци и врз основа на податоците што веќе ги добивме правиме анализа за тоа што значела методологијата за определување на цената на нафтата и нафтените деривати, што е во сила. – Очекувам во наредниот период да има соодветни измени на нашиот правилник за определување на малопродажните цени на нафтените деривати, но тоа нема да има влијание врз крајната малопродажна цена што ја плаќаат граѓаните, рече Бислимоски на прес-конференција.

Тој нагласи дека РКЕ само уточнува и допрецизира некои податоци коишто се во рамки на постоечката методологија за утврдување на малопродажните цени за нафтата и нафтените дервати.

Би можело да ве интересира

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on