Ристевски: Нема отпуштања на работници со купувањето на рудникот „Саса“

Од:

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) Пеце Ристевски денеска за МИА изјави дека со купувањето на рудникот „Саса“ не се менува ништо во делот којшто се однесува на работниците.

– Нема отпуштања. Во делот на работниците не се менува ништо. Новиот сопственик го купува рудникот, за да работи, вели Ристевски.

Рудникот „Саса“ го купи казакстанскиот производител на бакар „Централ Азија Металс ПЛЦ“ за сума од 402,5 милиони долари. Како што објави лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала договор со сегашниот сопственик на „Саса“, „Орион Ко-Инвестментс енд Фјужн Кепитал“ за откупување на рудникот заедно со долговите и активата.

Би можело да ве интересира

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река

Ана Ололовска

Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице и спроведување мерки по истекот на јаловиштето

Ана Ололовска

Рударот од „Саса“ со лесни повреди, тврди компанијата

Наум Локоски

Повреден работник во рудникот Саса

Наум Локоски

Заштитата на животната средина приоритет за рудникот Саса

Наум Локоски

САСА ќе стипендира студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Ана Ололовска