ВИДЕО: Република Македонија не забележала раст на БДП минатата година

Од:

Република Македонија во 2017-та година забележала 0% раст во економијата и заедно со Србија е главната причина за намалување на регионалниот БДП од 3,1% во 2016-та на 2,4% во 2017-та, стои во регионалниот извештај на Светска банка за Западен Балкан.

Според економистот Бојан Шимбов главна причина за ова е политичката криза и долгата и ладна зима. Од Светска банка очекуваат раст на БДП како во Македонија така и во целиот регион оваа година, со оглед на позитивните оценки на почетокот на годината.

Спред извештајот на Светска банка во 2017-та година била зголемена вработеноста во Република Македонија, а забележан е и раст на платите и пензиите, но изоставени се инвестициите во државата.

„Долготрајната политичка криза во Република Македонија го забави растот на БДП и го доведе до 0%. Ова се одрази на значителниот пад на инвестициите“, рече Шимбов.

Според Извештајот од 2017-та година партиципацијата на пазар на труд во РМ се зголемил, додека пак невработеноста се намалила.

Според Шимбов и Светската банка, партиципацијата на пазар на труд достигнал 57,2%, додека пак невработеноста се намалила до историски најниско ниво од 22,4%.

Република Македонија во 2015-та година забележала најголем раст на емиграцијата паралелно со целиот регион. Конкретно во нашата држава емиграцијата достигнала до 25%.

Директните странски инвестиции во 2017-та година се намалени во однос на 2016-та година од 3,2% на 2,3%. Сепак и овие странски инвестиции придонеле за финансирање на надворешниот дефицит.

Минатата година кредитниот раст во РМ продолжил, но главно е насочен кон домаќинствата. Кредитирањето на домаќинствата е зголемено за 9,2%, корпоративното кредитирање останало релативно ниско, со раст од 2,6%.

Од Светска банка, како за оваа година така и за наредната очекуваат пораст на БДП во Република Македонија и оваа проценка за заснова на евентуалното членство на државата во ЕУ и НАТО, забрзаниот раст кој се очекува во иднина, поддржан од инвестициите во ЕУ, повисок раст на глобалната трговија и поволни услови за финансирање релативно ниски камати.

Во врска со предвидените промени во одданочувањето и прагот од илјада евра, од Светска банка велат дека тоа детално треба да се разгледа, но сметаат дека може да биде поддржан.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија