„Рено“ најиновативна француска компанија

Од:

Производителот на автомобили „Рено“ и авиоиндустријта „Ербас“ се единствените две француски компании кои се најдоа меѓу 50-те најиновативни компании на глобално ниво за 2012 година, според консултантската куќа „Бостон консалтинг груп“.

„Рено“ е на 34 позиција на најиновативни компании, далеку под „Хјундаи“, кој се најде на десето место, „Тојота“ на 11, „Форд“ на 12, БМВ на 14, „Нисан“ на 22, „Ауди“ на 25 и „Џенерал моторс на 29 место. Германскиот продизводител „Фолксваген“ се најде една позиција под францускиот производител.

Француската компанија од авионската индустрија „Ербас“ се најде на 46-то место на списокот најиновативни претпријатија.

Листата на консултантската куќа „Бостон консалтинг груп“ се објавува од 2004 година и се составува врз основа на анкета во која учествуваат 1.512 директори на најпрестижни светски компании врз основа на неколку критериуми, меѓу кои најважна е иновативната развојна стратегија.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on