Рено ќе укини 15.000 работни места од кои 4.600 во Франција

Од:

Француската автомобилска групација Рено, што е во финансиски потешкотии, најави план за штедење од два милијарди евра во следните три години и укинување на 15.000 работни места, од кои 4.600 во Франција, јави дописникот на МИА.

Рено вкупно вработува 48.000 луѓе. Компанијата нема да има директни отпуштања од работа односно ќе има пренасочување, внатрешна мобилност или доброволно заминување.

Вкупно групата Рено, во која се наоѓаат уште четири други марки покрај Рено, Алпин, Дачиа, Лада и Самсунг Моторс, предвидува намалување за осум отсто на своите ефективи во светот.

Синдикатот ЦФДТ, втор синдикат во групацијата Рено, утрово обвини дека планот претставува „социјален крах и деиндустријализација“, заканувајќи се дека ќе ги употреби сите средства за да биде слушнати нивните барања.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on