Рен: Рано е да се разговара за ревизија на целите на грчката програма за приватизација

Од:

Еврокомесарот за економски и монетарни прашња Оли Рен изјави дека е рано да се разговара за ревизија на целите на грчката програма за приватизација, по неуспехот на тендерот за продажба на грчката команија за гас ДЕПА, како и за ново реструктурирање на грчкиот долг.

Оли Рен за грчкиот весник „Та неа“ истакна дека е рано да се ревидираат целите на програмата за приватизација на Грција, што неодмна ги постигна Владата во Атина со меѓународните кредитори на земјата.

Според ажурираниот меморандум кабинетот на Самарас очекува да собере најмалку 1,8 милијарди евра од приватизацијата до крајот на септември.

Изјавата на Оли Рен доаѓа откако во медиумите се појавија тврдења дека Атина ќе побара од меѓународните кредитори намалување на целите за приватизација за 2013 година, поради неуспешната продажба на ДЕПА.

Еврокомсеарот инсистира Владата во Атина да објави нов тендер за ДЕПА.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски